Фановите на Црвена Звезда во транс: НБА ѕвездата најави потпис со „црвено-белите“!?

Двократниот НБА Ол-стар кошаркар Никола Вучевиќ кој речиси целата своја кариера ја помина во НБА лигата наметнувајќи се како еден од најдобрите центри на денешницата на гостувањето на подкастот „X&O’s Chat“ ги израдува навивачите на Црвена Звезда.

Црногорецот кој не ги крие симпатиите кон белградскиот гигант откри дека размислува за враќање во Европа и настап за Црвена Звезда.

„Кога и да дојдам во Белград луѓето ме прашуваат „Кога ќе дојдеш во Звезда?“. Разбирам, и јас понекогаш мислам на тоа“, изјави Вучевиќ кој притоа откри дека ги гледа сите натпревари на овој српски клуб.

Вучевиќ е под договор и за сезоната 2025/26 во НБА лигата, а потоа 34-годишникот самостојно ќе одлучува за иднината.

Се вчитува...