Фановите ширум светот обединети: Не сакаме Суперлига, доживеавме предавство

Фановите на фудбалот ширум светот покажаа гнев откако во неделата вечерта беше објавено дека 12 богати европски клубови одлучија да ја формираат Суперлигата, па навивачките групи од неколку клубови јавно го покажаа своето незадоволство.

Навивачката група „Спиринт“ од Шанкли во Ливерпул изјави дека се згрозени од одлуката на американската спортска група Фенвеј, сопственост на нивниот клуб.

„ФСГ ги игнорираше навивачите во неуморната и алчна потрага по пари. Фудбалот е наш. Нашиот фудбалски клуб е наш“, се вели во соопштението.

Фановите на Челси истакнаа дека потегот на управата на нивниот клуб е непростлив.

„Фановите на фудбалот ширум светот овој потег на богатите клубови го доживеаја како крајното предавство. Овој потег е непростлив“, се вели од навивачката група.

Поддржувачите на Јунајтед имаат слично мислење.

„Предлозите за Суперлигата за нас се целосно неприфатливи. Тоа натпреварување оди против сè што треба да претставува фудбалот и за што треба да се залага клуб со традиција и величина како Манчестер Јунајтед“, истакнуваат фановите на “црвените ѓаволи”.

Се вчитува...