Фановите се потсмеваат со „системот“ Џејмс Харден (ВИДЕО)

Преселбата на Џејмс Харден од Филаделфија во Лос Анџелес Клиперс се очекуваше да биде почеток на нова суперсила на Западот која ќе застане рамо до рамо до Денвер и Никола Јокиќ, но судејќи по првите четири натпревари тимот кој никогаш нема освоено ниту конференциска титула ќе го задржи приматот и по сезоната 2023/24.

Џејмс Харден, Каваи Ленард, Пол Џорџ и ѕвездата во пад Расел Вестбук ги загубија првите четири натпревари кои ги одиграа заедно. Подобри од Клиперс беа Њујорк, Бруклин, Далас и Мемфис, а интересно во следниот натпревар овој тим го очекува средба токму против Денвер и Никола Јокиќ.

По пристигнувањето во Лос Анџелес, Харден на пресконференцијата за медиуми изјави дека тој не треба да се приспособи на систем бидејќи тој е системот, но поради овие зборови тој трпи големи критики на социјалните мрежи.

 

Се вчитува...