Луис Хамилтон е бесен поради новите правила донесени од ФИА во април. Британецот повторно се закани дека ќе се повлече од Формула 1, а сега главна причина за тоа се правилата на ФИА за облека и накит.
Седумкратниот шампион во Ф1 изјави дека нема да се натпреварува доколку ФИА инсистира на новите правила. Новиот сет на правила предвидува дека возачите не смеат да носат никаков накит додека се во возилото.
Ова значи дека на Хамилтон ќе му биде забрането да носи прстени, пирсови, часовници, нараквици и друг накит што не е во согласност со прописите.
„Кога ми кажаа за забраната за носење накит, рекоа дека е за безбедност. Ги прашав: А што е со претходните 16 години? Носам накит 16 години и досега не ми беше проблем. Чувствувам дека ова е чекор наназад, мислам дека треба да се занимаваме со поважни работи“, изјави возачот на Мерцедес.
Хамилтон на прес-конференцијата се појави со прстен на секој прст, часовник и неколку алки. Имаше и пирсинг на носот што не може да го извади и да сака.
„Ако ми забрануваат, нека продолжат. Имаме резервен возач кој е подготвен да вози за викендите”, откри Хамилтон.
Дали ФИА ќе се обиде да го казни ќе видиме на следната трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА