Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала е се поблиску до заминување од клубот како слободен агент, пренесува „Газета дело Спорт“. Денес требаше неговиот агент да се сретне со раководството на Јувентус, но состанокот е одложен во последен момент.
Дибала го загубил трпението и смета дека „старата дама“ нема желба да ги исполни неговите барања, па е спремен да си замине. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик околку продолжување на соработката.
Дибала е член на Јувентус уште од 2015 година, но честите повреди го спречија да го покаже сиот свој потенцијал во црно-белиот дрес. Токму поради повредите Јуве одбива да му даде плата од девет милиони евра годишно на која Аргентинецот инсистира, па тој летово како слободен играч ќе може да го избере новиот клуб.
Интер покажува сериозен интерес, но извори блиски до фудбалерот тврдат дека Дибала од почит кон Јувентус ќе си замине од Калчо-лигата. Во моментов најзагреани за неговите услуги се челниците на Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА