Реал Мадрид е „машина за правење пари“, а тоа го докажува и новиот фантастичен договор за продажба на интернет просторот на својот официјален клупски сајт. Раководството на „кралевите“ постигна прелиминарен договор со американската компанија „Providence Equity Partners“, според кој ќе им го отстапи правото за објавување огласи на интернет страницата, како и максимална предност при правата за фотографии, а за тоа ќе заработи фантастични 500 милиони евра, за период од десет години.
Сајтот на Реал Мадрид е најпосетуван од сите спортски клубови и во просек на месечно ниво има околу 1,3 милиони посетители.
Истата оваа американска компанија има слична соработка и со МЛС – лигата на САД, каде поседува четвртина од интернет правата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА