Фантастичен меч во Болоња: Фенербахче славеше со тројка во последните секунди

Фенербахче дојде до нова победа во Евролигата, откако во 11. коло го совлада тимот на Болоња на гостински терен со 82-86. Турскиот тим до победата дојде во последниот период, откако во текот на целиот меч Италијанците беа во предност.

Меѓутоа на 82-81 предност за домашните, Хејс реализираше тројка и така му остави на тимот на Болоња само 14 секунди за напад. Италијанците шутираа за тројка да дојдат до победата, меѓутоа не реализираа, па победата замина за Истанбул. На крајот Фенербахче постигна уште два поени од слободни фрлања, за конечна победа.

Шенгелија кај Виртус беше најефикасен со 23 поени, додека кај Фенер најдобар беше Гудуриќ со 21 постигнат поен.

Се вчитува...