Европскиот кадетски првак во борење, Бесир Алили, како херој беше пречекан од голем број граѓани, меѓу кои градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и заменик-градоначалникот Енвер Малиќи. Тој оствари огромен успех со освојувањето на златниот медал на Европското првенство во борење за кадети кое се одржа во Фиренца, Италија.
Алили се натпреваруваше во слободен стил, во категоријата до 48 килограми и е прв златен медал за македонски репрезентативец на Европско кадетско првенство. Во текот на утрешниот ден Бесир Алили ќе има прием кај градоначалникот Шилегов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА