Фантастичен успех на Иџе Стефановски: Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки

Игор Стефановски – Иџе оствари нов извонреден успех на Европскиот шампионат на ридски патеки откако по последната трка во Бузет, Хрватска тој е победник во Група 1.

Македонецот ја заврши трката во Хрватска како третоплариран во својата група со време од 4:59.313, но добрите настапи во текот на целиот шампионат му донесоа сигурно прво место во групата.

„Македонија, ова е за тебе! 🇲🇰🏆
Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1!
Овој успех не е само мој, туку на цела Македонија 🇲🇰!
Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат, до мојот неверојатен тим ,тимот на Ферари ,до моите спонзори и до сите вас кои ни давате безрезервна подршка во сето ова🙏❤️“, објави Иџе на социјалните мрежи.

Се вчитува...