Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски, беше убедливо најдобриот кошаркар во редовите на Тренто, во дуелот со Кемниц во Еврокупот. Неговата „брутална“ партија во која постигна 30 поени, не беше доволна за победа на својот тим. На крајот германската екипа славеше со 94-105.
За нешто повеќе од 26 минути минати на паркетот, Македонецот постигна 30 поени, од кои шест за два поени, три тројки и девет слободни фрлања. Имаше и осум скока.
Јакимовски до пред самиот финиш беше прв стрелец и на натпреварот, но Јебо од Кемниц успеа на крајот да го престигне, и да го заврши мечот со 33 поени.
За Тренто ова беше петти пораз во Еврокупот, а има и три победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

