Ника Превц ја заокружи извонредната сезона во ски-скокови со уште едно извонредно издание, во финскиот Лахти. Одличната 20-годишна Словенка делуваше импресивно, стигнувајќи до два фантастични скока од 128 метри и од 133,5 метри, далеку своите ривалки.
Таа освои вкупно 328,8 бодови во Лахти, дури 51,4 бода повеќе од второпласираната Германка Селин Фреитаг, која имаше скокови од 115 и од 124,5 метри. Тоа беше најубедлива предност во историјата на Светскиот куп, а Превц испиша историја и по бројот на освоени бодови во Светскиот куп, дури 1933 оваа натпреварувачка сезона.
Успехот на словенечките ски-скокачки го комплетираше Ема Клинец освојувајќи до третото место, за свој 31. подиум во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА