Италијанскиот фудбалер на Фиорентина, Едуардо Бове кој вчеравечер колабираше на првенствениот натпревар против Интер е во добра здравствена состојба, велат последните информации од Италија.
Бове во стабилна состојба ја поминал ноќта, од сабалјево дише самостојно, буден е и одговара на медицинските прашања.
Нема ниту сериозни последици на мозокот и срцето, но во текот на денот ќе помине низ нови прегледи за утврдување на причината за колабирање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА