Еден од клучните кошаркари на Партизан, Алекса Аврамовиќ ќе се врати на терените по долгото отсуство од повреда, пренесуваат српските медиуми. Очекувањата се дека српскиот репрезентативец ќе настапи на денешниот натпревар против Мега во АБА лигата.
Аврамовиќ кој важи за голем борец и со својата енергија допринесува многу за својот клуб заработи скршеница на левата нога во месец декември, а неговото отсуство беше видливо во играта на Партизан кој се мачеше на позицијата плејмејкер.
Сега Жељко Обрадовиќ повторно ќе може да смета на неговите услуги, а со тоа полека и се комплетира „црно-белиот“ ростер која во изминатите месеци претрпе голем број на повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА