Фантастичниот Белингем донесе нова победа на Реал Мадрид

Реал Мадрид го задржа сто отстотниот учиник од почетокот на новата сезона во Ла Лига откако во 4. коло славеше во градскиот дуел против Гетафе со 2-1.

Мајорал прв ја затресе мрежата на реновинарниот „Сантијаго Бернабеу“, а и покрај тоа што гостите заминаа со предност од 0-1 на полувремето домашните фудбалери успеаја да направат целосен пресврт во вторите 45. минута.

Јоселу во 47. минута изедначи на 1-1, а откако домашните фудблаери промашија неколку одлични шанси за предност, до истата стигнаа преку неверојатниот Џуд Белингем кој во петтата минута од судиското продолжение одлично се најде во шестнаесетникот, го искористи киксот на гостинскиот голман и ја продолжи одличната голгетерска форма во „кралскиот дрес“.

Се вчитува...