Челси стигна до четвртата победа во Премиерлигата откако славеше на домашен терен против Брајтон со 4-2. До триумф „сините“ ги предводеше фантастичниот Кол Палмер кој испиша историја, постигнувајќи четири голови за само едно полувреме. Мрежата на Челси пак за затресоа Рутер и Балеба.
На победите им се врати и Арсенал кој на домашен терен славеше со 4-2 против Лестер во драматична завршница. „Топчиите“ на полувреме водеа со 2-0 по головите на Маринели и Тросар, но гостите изедначија до 63. минута преку Џастин.
Големиот триумф домаќините го осигураа во петтата минута од судиското продолжение, а херојот е Тросар кој го постигна својот втор гол на средбата. Хаверц ги постави конечните 4-2 во 99. минута.
Во остнатите натпревари:
Евертон – Кристал Палас 2-1
Нотингхем Форест – Фулам
Брентфорд – Вест Хем 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА