Филип Кузмановски одигра фантастичен натпревар за Хановер, предводејќи го својот тим до минимален триумф од 25-24 над Вецлар, за кој настапува Филип Миркуловски. Одличната форма на бекот е прекрасна вест и за нашата репрезентација ако се знае дека националниот тим се собира в понеделник, по што ќе следат завршните две средби од квалификациите за ЕП 2022.
Македонскиот репрезентативец беше во главна улога на дуелот со Вецлар, постигнувајќи ги клучните погодоци за својот тим. Во завршните минути се влезе со израмнети 22-22, но токму Кузмановски постигна два од трите гола за Хановер, по што неговиот тим се одлепи на „плус два“ и на крајот стигна до значајна победа.
Воедно, нашиот интернационалец беше и најефикасен поединец на натпреварот со шест постигнати гола од седум обиди. На спротивната страна, Филип Миркуловски го заврши мечот со два гола и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА