Денвер славеше против Њу Орлеанс со 122-113 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата во кој Никола Јокиќ одигра нов фантастичен меч поради што од саата беше испратен со овации и извици „МВП, МВП…“.
Двократниот МВП на НБА лигата брилјира и оваа сезона во која во просек има 25,1 поен, 10,9 скока и 9,9 асистенции.
Јокиќ против Пеликанс оствари ефект од 26 поени, 18 скока и 15 асистенции па дојде до својот петти „трипл-дабл“ во последните шест натпревари, односно девети во последните 13 меча.
Only took Joker 3 quarters to get his triple-double tonight 🃏
17 PTS/13 REB/13 AST pic.twitter.com/qQtNY01XKD
— Denver Nuggets (@nuggets) February 1, 2023
На Србинот му беа потребни само три четвртини да дојде до „трипл-дабл“, а одличен покрај него беше и Џамал Мареј кој постигна седум тројки и вкупно 32 поени. МекКалум и Херберт Џоунс запишаа по 21 поен за Пеликанс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

