Фантастичниот Леон Маршан со нов светски рекорд

Леон Маршан продолжува да ги поместува границите на модерното пливање, Французинот по извонредните настапи на ОИ во Париз сега блесна и на Светското првенство што се одржува во Сингапур.

Маршан го покажа својот квалитет веќе а полуфиналната трка на 200 метри мешано, на кој фантастичниот Французин успеа д аго урне светскиот рекорд. Тој ја мина делницата за време од 1:52,69 минута, што е за повеќе од една секунда подобро од досегашинот рекорд што 14 години беше сопственост на Американецот Рајан Лохте.

Младиот Тунижанец Ахмед Жауади изенади со освојување на златниот медал на 800 метри слободно, додека Лука Армандо од САД се закити со златото во финалето на 200 метри пеперутка.

Се вчитува...