Аргентина се пласираше во полуфиналето на Копа Америка откако славеше над Еквадор со 3-0. Најзаслужен за убедливата победа на „гаучосите“ беше Лео Меси кој одигра нов одличен натпревар кој го закити со гол и две асистенции.
Асот на Аргентинците прво асистираше во 40. минути при голот на Де Пол, потоа го додаде и клучното додавање за погодокот на Мартинез во 84. минута од натпреварот, а во третата минута од судиското дополнување од слободен удар ги постави конечните 3-0.
¡Bombazo! Lionel Messi la clavó de tiro libre para el 3-0 final de @Argentina sobre @LaTri
🇦🇷 Argentina 🆚 Ecuador 🇪🇨#VibraElContinente #VibraOContinente pic.twitter.com/FcvQrHuRka
— Copa América (@CopaAmerica) July 4, 2021
Во полуфиналето од Копа Америка, Меси и Аргентина ќе се сретнат со Колумбија која славеше над Уругвај по изведување на пенали откако по регуларниот дел и продолженијата двете селекции не успеаја да постигнат гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА