Милан ја потврди одличната форма на почетокот на сезоната откако славеше со 3-2 на гостувањето во Бергамо против Аталанта во седмото коло од Серија А, победа која за „црвено-црните“ е шеста оваа сезона.
„Росонерите“ поведоа уште во 36 секунда од натпреварот со голот на Калабриа, а Тонали донесе водство од 2-0 до полувремето. Во второто полувреме Милан стигна и до предност од 3-0 со голот на Леао во 78. минута, а победата на Милан ја ублажија Запата во 86. минута и Пашалиќ во четвртата минута од судиското продолжение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА