Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од УС Опен откако ја доби српската пресметка со Ласло Ѓере, откако сонародникот се предаде при резултат 2-0 во сетови за фаворитот. Ѓоковиќ славеше со 6-4 во првите два сета, а кога Ѓере го загуби сервисот на стартот од третиот сет и победата веќе беше на дофат, противникот на Новак реши предвреме да го заврши дуелот.
Она што е уште позначајно, Новак со оваа победа стана првиот тенисер во светот со најмалку 90 победи на секој од четирите гранслем турнири во светот на тенисот. Тој има најмногу победи на Вимблдон, 97, една помалку на Ролан Гарос, на Австралија Опен се има радувано 94 пати, а во Њујорк допатува со 88 победи на своето салдо. Сепак, по последните два триумфа на УС Опен тој стигна до 90-ка, за уште еден неверојатен рекорд што уште долго нема да биде достигнат…

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Попирин од Австралија, кој со максимални 3-0 славеше над Шпанецот Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

