Војдан Стојановски беше најзаслужен што екипата на Бујукчекмече стигна до цел плен на тешкото гостување против Банвит, триумфирајќи со 84-89 дури по продолжението од пет минути.
Македонскиот капитен во стручниот штаб на спротивната страна ги имаше Саша Филиповски и Боби Митев, но двајцата наши стратези не успеаја да најдат начин да го неутрализираат Стојановски, кој блесна токму во клучните моменти.
Имено, на две минути пред крајот резултатот гласеше 84-82 за Банвит, но тогаш Војдан ги презеде работите во свои раце, постигна шест од последните седум поени на својот тим и донесе пресврт и голема победа. Нашиот интернационалец го заврши натпреварот со 20 поени и 9 скокови, потврдувајќи ја одличната форма во пресрет на новите репрезентативни предизвици, продолжението од претквалификациите за Евробаскет 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА