Никола Јокиќ одигра нов натпревар во кој оствари трипл-дабл учинок во НБА лигата. Српскиот ас беше лидер на Денвер во 30 поени, 20 скокови и 12 асистенции.
Но, Денвер претрпе нов пораз, овој пат на гостувањето кај Голден Стејт и тоа со убедливи 128-117. На спротивната страна најрасположен беше Муди со 23 поени, 7 скокови и 5 асистенции.
Лидер на ЛА Лејкерс беше и Лука Дончиќ кој оствари 25 поени, 5 скокови и 3 асистенции во поразот од Бостон. Во дуелот на најтрофејните тимови „зелените“ славеа со 89-111.
Лидер на Бостон со 32 поени, 8 скокови и 7 асистенции беше Браун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

