Букајо Сака наскоро ќе го продолжи договорот со Арсенал со што воедно ќе продолжи соработката која трае од 2008 година, а и ќе добие далеку подобри финансиски услови од тие кои ги има сега, пренесуваат англиските медиуми.
Англискиот репрезентативец потекнува од младинската школа на „топчиите“, а првиот професионален договор го доби во 2018 година. Оттогаш настапи на 257 натпревари наметнувајќи се како ѕвезда на лондонскиот тим.
Договорот е постигнат и останува уште двете страни во следните денови да стават потпис на новата соработка со важност во следните пет години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА