Фантастично Ел Класико во првиот дел: Реал замина со предност – поништен пенал и два гола на „кралевите“

Како што и се очекуваше, многу возбудувања на големото шпанско дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона кој се игра на „Сантијаго Бернабе“, во кое на полувремето „кралевите“ имаат предност од 2-1.

Уште во третата минута беше досуден пенал за Реал, а потоа истиот поништен откако се увиде дека Винисиус стартува над Јамал, а не обратно. Потоа во 12. минута поништен и гол на Мбапе поради милиметарски офсајд.

Во 22. минута немаше никаков сомнеж откако Мбапе доби топка од Белингем, и стрелаше во голот на Шчесни.

Сепак, Барселона се врати во 38. минута, откако Лопез ја искористи грешката на Гулер, за да го израмни резултатот. Во 43. минута Белингем успеа асистенцијата на Милитао да ја претвори во гол, за нова предност на Реал.

Домашниот тим постигна и трет гол веќе во следната минута, но истиот беше поништен откако Мбапе се најде во очигледен офсајд.

Се вчитува...