Кијелце го направи најголемото изненадување во првите четвртфинални мечеви во Лигата на шампионите, победувајќи го моќниот Пари Сен Жермен со убедливи 34-24. Полскиот тим има залиха од неверојатни 10 гола против фаворизираниот француски тим одработени на домашен терен. Талант Душебајев убедливо ја доби првата половина од пресметката со Раул Гонзалес.
Пред заминувањето за Париз, навивачите на полскиот шампион на извонреден начин ги испратија своите херои, во мечот кој треба да им донесе фајнал 4 турнир во Лигата на шампионите. Тие со факели го осветлија патот на автобусот кој замина кон аеродром.
WOW! ? #GramyRazem@kielcehandball pic.twitter.com/I7oRKlysG5
— Julen Aginagalde (@JulenAginagalde) May 3, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

