Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, направи фантастичен потег во знак на поддршка на колегата Клаудио Раниери, кој синоќа доби отказ од Лестер, клубот на кој лани сензационално му ја донесе шампионската титула. Мурињо на својата клупска маица ги носеше иницијалите на Италијанецот Клаудио Раниери.
„Неговите иницијали на мојата маица се само мал знак на поддршка за оној што ја испиша најубавата приказна во историјата на Премиер – лигата и заслужува стадионот на Лестер да се вика „Клаудио Раниери“. Јас мислев дека мене минатата сезона ми беше нанесена неправда, но сфатив дека наликува на кикирики во споредба на ова што сега му се случи на Клаудио“, изјави Мурињо на прес – конференцијата во пресрет на финалето на ЕФЛ Купот против Саутемптон.
„Црвените ѓаволи“ на овој финален меч ќе бидат без помошта на ерменскиот интернационалец Хенрик Мхитарјан, кој се повреди на дуелот со Сент Етјен во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА