Шарл Леклер победи на ГН на Италија на трката во Монца, после паметна и победничка одлука на неговиот тим Ферари.
Ферари одлучи Леклер само еднаш да го посети боксот, за разлика од другите пилоти, што се покажа на крај како добитна комбинација. Ако трката траеше уште неколку круга, Леклер веројатно ќе го загубеше водството, но вака тој успеа да дојде до победата.
Ова е прва победа на Ферари на Монца после 2019 година, а тогаш исто славеше Леклер, кој ја прослави само седмата победа во кариерата.
Зад Леклер беше дуеото од Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, главниот конкурент на Макс Ферстапен за титулата. Четврти беше Карлос Сајнц.
Макс Ферстапен заврши дури на шестата позиција, зад Луис Хамилтон кој беше петти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА