Фараните го сменија селекторот пред доаѓањето во Скопје

Хакан Ериксон, по четири години, не е повеќе селектор на Фарските острови откако дојде до разделба со Фудбалската федерација поради, според нив, незадоволителните резултати во Лигата на нациите во групата во која е Македонија.

И покрај мислењето на добар дел од европскиот фудбалски свет дека Фарските острови се само селекција за „подобрување гол-разлика за противниците“, во суштина максимално амбициозно го очекуваа настапот во Лигата на нациите со желба и за борба за првото место во групата. Па, по три ремија и пораз во првите четири натпревари, се одлучија на промена на селекторската позиција со максимална желба за позитивни резултати на последните два ноемвриски натпревари…

„Ние сме на дното на групата досега не успевајќи да дојдеме до победа па дури и на домашните натпревари. Имаме силен тим, а резултатите не се задоволувачки. Затоа дојде разделбата со Ериксон“ – соопшти претседателот на федерацијата, Кристијан Андреасон.

На натпреварот против Македонија во Скопје на 17. ноември, последен од Лигата на нациите, Фарските острови ќе бидат предводени од двоецот од младата репрезентација на оваа земја, Ејдун Клакштеин и Атли Грегерсен.

Се вчитува...