Фараните со фудбалер на Шкупи против Македонија во Лигата на нации

Откако денеска селекторот Боби Милевски го објави списокот за дуелите против Фарски острови и Ерменија во Лигата на нации, истото го направи и селекторот на Фараните, Хакан Ериксон.

Фарски острови на 7. септември на домашен терен ќе ја пречекаат Македонија, а дел од тимот ќе биде и фудбалерот на Шкупи Јоан Симун Едмундсон.

На 10. септември Македонија на домашен терен ќе ја пречека Ерменија.

Се вчитува...