Египет успеа да мине уште една пречка на патот до трофејот на Купот на Африкански нации откако „фараоните“ во осминафиналето потешко од очекувањата, дури по продолженија од два пати по 15 минути го скршија отпорот на Бенин (3-1) и се пласираа меѓу најдобрите осум селекции на својот континент.
Мохамед Салах немаше свој ден, но затоа расположен беше Атија, кој со еден гол и една асистенција беше најзаслужен за оваа победа на Египќаните.
Токму Атија со прекрасен погодок од дваесетина метри донесе водство на Египет, но Бенин возврати со голот на Досу во 83. минута и го одведе мечот во продолженија. Клучен момент се покажа 97. минута кога Атија нафрли, а Ибрахим одлично се снајде и со прецизен удар со глава го постигна клучниот гол за Египет.
Бенин тргна на се или ништо, а „фараоните“ го казнија тоа и преку Салах во 123. минута стигнаа до конечните 3-1.
GOAL: YASSER IBRAHIM PUT EGYPT BACK IN FRONT IN EXTRA TIME!!!
Egypt 2-1 Benin
pic.twitter.com/kl4r9RWaxL— The Champion Stand🏆⚽️ (@TheChamp_Stand) January 5, 2026
Противник на Египет во четвртфиналето од Купот на Африкански Нации ќе биде победникот од дуелот меѓу Буркина Фасо и Брегот на Слоновата Коска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

