„Фараоните“ први го најдоа лекот за Норвешка

Ракометната репрезентација на Норвешка го претрпе првиот пораз на овие Олимписки игри откако вечерва по голема борба загуби од селекцијата на Египет со минимални 25-26.

Дуелот донесе фантастичен ракомет од двете страни, но африканските шампиони беа нешто поумешниво второто полувреме, кога благодарение на цврстата одбрана успеаја да се одлепат, а во самиот финиш и да ја одбранат предноста од еден гол. Норвешка имаше напад за израмнување, а изненадувачки селекторот го остави на клупата Сандер Сагосен, скандинавците не успеаја да постигнат гол и на крајот го загубија натпреварот.

Омар Јахија беше клучна фигура на натпреварот со седум постигнати погодоци од девет обиди, додека најефикасен кај Норвежаните беше Рајнкинд со седум гола.

Данска сега е осамена на чело на табелата во групата Б со максимални осум бода, пред Норвешка со шест, Египет со пет, а по „фараоните“ следат Франција со три, Унгарија со два и Аргентина без ниту еден освоен бод. Во последното коло од оваа група се среќаваат: Данска – Норвешка, Египет – Аргентина и Франција – Унгарија.

Се вчитува...