Баер Леверкузен ќе мора да се снаоѓа без помошта на својот најдобар стрелец, Кевин Фоланд, по повредата што германскиот репрезентативец ја заработи на последниот меч од Лигата на Европа против Порто. Голгетерот потоа не настапи викендов во Бундес-лигата, а синоќа беа потврдени „црните прогнози“, повредата на скочниот зглоб е од посериозен карактер.
„Кевин Фоланд ќе мора да биде опериран по заработената повреда на скочниот зглоб. Тој веќе отпатува за Минхен, каде врз него ќе биде извршен хируршкиот зафат. Вообичаената пауза при ваков вид на повреди изнесува најмалку три месеци“, објавија германските медиуми, ставајќи до знаење дека Фоланд нема да може да настапува за „фармацевтите“ до крајот на сезонава, а минимални се шансите за негов настап на ЕВРО 2020.
Фоланд сезонава постигна 11 погодоци за Баер Леверкузен, а згора на тоа имаше и девет асистенции до соиграчите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА