Во натпревар со многу шанси и возбудувања, Баер Леверкузен во финишот од средбата со два гола го совлада тимот на Волфсбург на гостински терен.
„Фармацевтите“ дури пред самиот финиш го најдоа лекот за Волфсбург, и со два гола на Паулињо во 88. и во 90. минута, стигнаа до трите бода.
Со тоа Баер стигна до важни бодови за излез во Лигата на шампионите следната сезона. Волфсбург, пак, и натаму е далеку од позициите кои носат пласман во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

