Работник стигна до првата победа во ЕХФ-купот, а македонскиот тим за првпат доби и место во Топ 5 листата од најубави погодоци во второто по ранг европско натпреварување.
Десното крило Милан Ѓукиќ во првото полувреме реализираше мајсторски за водство од 6-2, заслужено освојувајќи го второто место на оваа ранг-листа…
Пред ракометарот на Работник на оваа ранг-листа се најде единствено Один Тор Рикхардсон од Гог, со прекрасниот гол постигнат на дуелот со Кил.
Enjoy a selection of the best actions at the Men’s EHF Cup this last Round.
?? #ehfcup @rk_nexe @BMGranollers pic.twitter.com/YYjWQ763jo— EHF European Cup (@ehf_ec) March 4, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА