Фарски Острови имаше победа, но Ерменија се спаси во финишот

Фарски Острови беше пред сензационална победа над Ерменија во Торшавн, и со тоа да и направи голема услуга на Македонија кон првото место во Лигата на Нации. Но, Ерменците успеаја да извлечат бод во третата минута од судиското надополнување и така да останат во игра за првото место, ако ја совладаат нашата селекција со повеќе од два разлика во недела во Ереван.

Бенјаминсен донесе предност за Фарски, а Зеларјан во 44. минута израмниу. Бјарталид за нова предност на „Фараните“, меѓутоа спасителот е Манвелјан кој успеа да донесе голем бод за Ерменците.

Се вчитува...