Ако селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски смета дека Македонија со Ерменија ќе води главна битка за првото место во групата, тогаш утрешниот меч на домашен терен против Ерменија треба да биде најважниот во групата. Особено ако се има во предвид дека Македонија во него влегува со само еден бод освоен на гостувањето кај Фарски, додека Ерменците доаѓаат со три освоени против Летонија.
Се друго освен победа ќе значи оддалечување од првото место, што значи дека Македонија едноставно мора да го добие овој меч. Пред се треба да се заборави разочарувачкото реми во Торшавн, за да се извлече добар резултат.
А, фудбалерите и селекторот кажуваат дека сето што било зад нив е веќе заборавено, и сега се максимално фокусирани кон Ерменија. Дали е така ќе се увериме утре вечер во 20:45 часот. Македонија вечерва го одржа и последниот официјален тренинг пред утрешниот дуел од 2. коло во Лигата на Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА