Фарски острови приредија сензација и стигнаа до бод против Хрватска

Репрезентацијата на Фарски острови стигнаа до голем бод против репрезентацијата на Хрватска 17-17 во натпревар од 2. коло од групата Д на Европското првенство во ракомет кое се игра во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

И двата тима одиграа многу тврдо во одбраната, но и многу слабо во нападот што доведе на полувреме и двете селекции да заминат со едноцифрен број на постигнати погодоци, а Хрватска да има само еден позитива 9-8.

Големата борба продолжи и во вториот дел. Ракометарките на Фарски острови во ниту еден момент не му дозволија на фаворитот да се одлепи, а на пет минути до крајот влегоа и со позитива од еден гол 16-17.

До крајот Хрватките успеаја само да израмнат на 17-17. Катарина Јежиќ со пет гола беше најпрецизна кај Хрватска, додека кај Фарски острови Јана Митун исто така постигна пет гола.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...