Фарските острови ја шокираа Ерменија среде Ереван

Репрезентацијата на Фарските Острови приреди вистинско изненадување трумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Ерменија во Ереван во првиот натпревар од 5. коло во групата во која е и Македонија од Ц-дивизијата во Лигата на нации.

Фараните до победата дојдоа со голот на Давидсен од пенал во 33. минута од натпреварот.

Ерменија доминираше на натпреварот со вкупно 25 шута кон голот на гостите, за разлика од Фарските острови кои имаа само два шута кон домашниот гол, но на крај успеаја да победат.

По оваа победа Фарски Острови сега се со шест бода на второто место зад Македонија која е со 10 бода. Ерменија остана со четири, колку што има и Летонија.

Во последното коло, на 17 ноември, Фарските острови гостуваат во Скопје против македонската селекција. Но, претходно вечерва, најмалку со реми против Летонија, Македонија ќе го осигура првото место во групата.

Се вчитува...