Фарул го потврди „раскинот“ со Николов, отворен патот кон Вардар

Она кое вчера беше најавено, денеска ќе се оствари. Бобан Николов и официјално не е повеќе член на романскиот тим Фарул, и сега му е отоворен патот за „кам-бек“ во Вардар.

Денеска романскиот тим го потврди раскинот со играчот од средниот ред, кој во најскоро време ќе треба да се приклучи на четата на „црвено-црните“, во обидот најтрофејниот да се врати на шампионските патеки.

Николов беше дел од Вардар од 2015 до 2018, а потоа играше во Фехервар, Лече, Шериф Тираспол, ФЦСБ, Кишварда, Борац Бања Лука и Фарул.

Вардар претходно го врати и Дарко Велковски, а се засили и со Аргентинецот Хоакин Торес и со Србинот Стефан Цветковиќ.

Се вчитува...