Фати нема намера да замине од Барселона

Барселона се подготвува за лето со големи финансиски предизвици, а за подобра ситуација во клубот сака да се реши од услугите на Ансу Фати. Талентираниот напаѓач кој има откупна клаузула од една милијарда евра не може да се наметне пред Левандовски, Рафиња и Дембеле па негово заминување е добредојдено.

А, и покрај тоа што каталонците инсистираат на трансфер во можност за откупување на договорот бидејќи во него гледаат светла иднина, тој не планира да замине од „Камп Ноу“, пренесуваат шпанските медиуми.

Фати оваа сезона настапи на 51 натпревар, главно започнувајќи од клупата и е подготвен да се бори за своето место и покрај интересот на останатите европски гиганти како Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Тотенхем.

Се вчитува...