Фатих Терим по четврти пат му кажа збогум на Галатасарај

Еден од најголемите тренери во историјата на турскиот фудбал, Фатих Терим не е повеќе кормилар на гигантот Галатасарај, откако четврти пат во кариерата се разделуваат, сезонава после лошите резултати на истанбулскиот клуб.

Терим четврти пат заминува од Галата, кого го водеше првпат во периодот на најголемите успеси од 1996 до 2000 година, кога беше освоен и Купот на УЕФА, потоа го водеше овој клуб од 2002 до 2004 година, па во периодот од 2011 до 2013 година и сега беше кормилар од 2017 година до денеска.

„После спогодбен договор со нашиот драг тренер Фатих Терим, тој од денеска не е повеќе кормилар на Галатасарај“, објави Бурак Елмас, првиот човек на истанбулскиот гигант.

Покрај Галатасарај, Терим беше во три мандати селектор на Турција, а беше тренер и на Анкарагучу, Гецтепе, великанот Милан и на Фиорентина.

Се вчитува...