Познатиот турски фудбалски стратег Фатих Терим, тренерот на Галатасарај, е најновата спортска личност заболена од коронавирусот. Тој е префрлен во болница во Истанбул каде ќе биде лекуван, а засега се чувствува добро и нема силни симптоми на вирусот Covid-19.
Терим бил позитивен на тестирањето во клубот и веднаш откако се добиени резултатите е изолиран и одведен на болнички третман.
Претходно, позитивни тестови на коронавирусот имаа и менаџерот на Арсенал, Микел Артета, и португалскиот стратег Жорге Жесус. Артета веќе ги надмина здравствените проблеми и го заврши периодот на изолација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА