Фаворитите без проблеми: Струга ТЛ убедлива со Башкими, Силекс води со Арсими во Гостивар! (ВИДЕО)

Силекс и Струга ТЛ продолжуваат со одличните игри и во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига, стекнувајќи се со предност по првите 45 минути на гостувањата против Арсими во Гостивар односно Башкими во Куманово.

Силекс води со 0-1 на гостувањето против Арсими во Гостивар. Кратовци до предност дојдоа во 18. минута со голот на Мартин Мирчевски, кој реализираше од непосредна близина.

Голот беше проверуван од ВАР-системот, милиметри одлучуваа, но се чини дека сосема исправно признаен гол на Силекс.

И вториот фаворит на денешните два натпревари од 4. коло, екипата на Струга ТЛ води на гостувањето во Куманово против Башкими, но стружани поубедливо со 0-2 по првите 45 минути.

Гостите до предност од 0-1 дојдоа со голот на Компаоре во 24. минута од средбата.

Башкими игра и со фудбалер помалку, по исклучувањето на офанзивецот Марко Симоновски во 23. минута од натпреварот.

Па, сето тоа беше искористено од Струга ТЛ која во 35. минута дојдоа до предност и од 0-2 со голот на Марјан Радески.

Се вчитува...