Почетокот на најпрестижниот грен-слем турнир „Вимблдон“ не донесе големи изнандувањата откако фаворизираните тенисери успеаја да ја потврдат фаворитската улога. Некои се помачија, но не дозволија ни да загубат сет.
Такви мечеви одиграа Каспер Руд кој славеше со 3-0 (7-6, 6-4, 6-4) против Алекс Болт, Григор Димитров кој го доби Душан Лајовиќ со 6-3, 6-4 и 7-5, Медеведев кој славеше со 6-3, 6-4 и 6-2 против Ковачeвиќ и Карлос Алкараз кој ја започна одбраната на трофејот со победа од 7-3, 7-5 и 6-2.
Во следното коло се пласираа и Чориќ, Шенг, Штруф, Фогнини, Тифо, Шаповалов, Томпсон, Женг, Беретини, Накашима, Монфлис, Вавринка и Милер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА