Прволигашките екипи кои важат за големи фаворити денеска во 1/16 финалињата на Купот на Македонија, ќе треба да ги оправдаат фаворитските улоги и да се пласираат во 1/8 финалето на ова натпреварување.
Најтешка задача од сите прволигаши се очекува да има тимот на Пелистер, кој гостува на Автокоманда кај Скопје. Останатите екипи не би требало да имаат проблем во пласманот во следната фаза.
Вардар гостува кај Новаци, Шкендија кај Јени Маале. Беса игра против Охрид, а Работнички за ривал го има тимот на Шкендија Арачиново. Слога Виница ќе го дочека шампионот Струга ТЛ, додека АП Брера игра со Вардар Неготино. Шкупи ќе гостува кај тимот на Џепчиште.
Освојувачот на Куп трофејот екипата на Тиквеш како победник се пласираше директно во 1/8 финалето.
ДВОЈКИ, ДЕНЕСКА 15:00 ЧАСОТ
Велес: БОРЕЦ – ДЕТОНИТ
Скопје, Автокоманда: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
Битола, стадион „Петар Милошевски“: ЈЕНИ МААЛЕ – ШКЕНДИЈА
Карбинци: КАРБИНЦИ – СИЛЕКС
Гевгелија: КОЖУФ – АРСИМИ
Новаци: НОВАЦИ – ВАРДАР
Охрид: ОХРИД – БЕСА
Скопје, игралиште на ФК Фортуна: ШКЕНДИЈА А. – РАБОТНИЧКИ
Скопје, игралиште во Горно Лисиче: СЛОБОДЕН – БРЕГАЛНИЦА
Виница: СЛОГА В. – СТРУГА ТЛ
Струмица, СЦ Пандев: ВАРДАР Н. – АП БРЕРА
Тетово, игралиште на АМС: ЏЕПЧИШТЕ – ШКУПИ
НА 02.10.2024 ИГРААТ:
Куманово: БАШКИМИ – ВОСКА СПОРТ
Струмица: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
Прилеп: ПОБЕДА – ГОСТИВАР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА