Фаворитите се избегнаа во ждрепката за осминафиналето од ФА Купот на Англија

Фаворитите за трофејот имаа среќа да се избегнат еден со друг во денешната ждрепка за осминафиналните двојки од најстарото фудбалско натпреварување.

Манчестер Сити повторно за ривал ќе има тим што не е од Премиер-лигата, гостувајќи му на Питерборо, додека Челси го очекува гостување против Лутон. Ливерпул денеска игра со Кардиф, а победникот од овој ривал во осминафиналето ќе го пречека Норвич.

Мидлсброу, кој во претходната рунда го елиминираше Манчестер Јунајтед, повторно ќе има сериозен предизвик, дуел на домашен терен против Тотенхем.

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

Питерборо – Манчестер Сити

Лутон – Челси

Кристал Палас – Стоук

Саутемптон – Вест Хем

Ливерпул/Кардиф – Норвич

Мидлсброу – Тотенхем

Евертон – Борнмут/Борхем

Нотингем/Лестер – Хадерсфилд

Се вчитува...