Фаворитите сигурни: Милан газеше во првото, Рома во второто полуврем

Милан и Рома ги забележаа вторите победи во Калчо-лигата откако ја оправдаа фаворитската улога на пресметките со Калјари и со Салернитана.

„Росонерите“ целата работа против Калјари ја завршија уште во првото полувреме, во кое ги постигнаа сите четири гола во победата од 4-1. Тонали го најави триумфот со еврогол од слободен удар, Брахим Дијаз со многу среќа го постигна и вториот гол на вториот натпревар, а потоа на сцена стапи Оливие Жиру со два гола до крајот на полувремето.

Рома за разлика од Милан до убедлив триумф од 0-4 стигна благодарение на фуриозната игра во второто полувреме, во кое „пулените“ на Мурињо ги постигнаа четирите погодоци. Серијата голови во Салерно ја отвори Пелегрини, а по него меѓу стрелците се запишаа и Верету и Арбахам, пред Пелегрини со својот втор гол да стави печат на триумфот.

Се вчитува...