Кошаркарите на ЦСКА Москва ја победи Басконија со 93-86 вонатпреварот од 23.коло во Евролигата и ја задржа лидерската позиција на табелата со скор од 18-5. Рускиот тим во победата го предводеше Вил Клајбурн со 19 поени и пет скока, Серхио Родригес додаде 17 поени и три асистенции, а Кори Хигинс заврши со 13 поени.
На Басконија не и помогна ни одличната партија на Џејсон Грејнџер кој постигна 26 поени дополнети со пет асистенции и три скока.
Фаворитскаат улога во ова коло ја потврди и тимот на Фенербахче кој славеше против Милано со 89-70. Најррасположен за игра во тимот на Жељко Обрадовиќ беше Џејсон Томпсон со 15 поени и четири скока. Со 16.победа, актуелниот европски шампион остана во водечката тројка на табелата, зад ЦСКА и Олимпијакос.
Победа во ова коло славеше и Олимпијакос против Валенсија со 80-70. Европскиот вицешампион потешко од очекувањата го скрши отпорот на Валенсија. Олимпијакос во првата четвртина начправи двоцифрена предност и се чинеше дека рутински ќе го добие дуелот. Но, шпанскиот тим се врати во игра и во вторат четвртина ја стопи негативата. Во третата четвртина Олимпијакос повторно се одлепи, но гостите уште еднаш успеаја да се вратат во егал. Во финишот сепак, квалитетот на Олимпијакос дојде до израз и домаќините ја осигураа победата. Всилис Спанулис беше најдобар играч на теренот со 25 поени и девет асистенции, а кај гостите најрасположен беше Фернандо Сан Еметерио со 19 поени.
Во четвртиот вечерашен натпревар, Уникаха го победи Макаби со 83-69.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА