Веќе нема никакви дилеми, Лусијан Фавр е стратегот што ќе ја предводи Борусија Дортмунд од наредната натпреварувачка сезона. „Милионерите“ попладнево на својата веб-страница обелоденија дека е постигнат договор за швајцарскиот стратег да седне на нивната клупа, а прес-конференцијата за промоција на Фавр ќе биде закажана за почетокот на јули.
За потсетување, Борусија и минатото лето се обидуваше да го доведе овој стратег, тогаш Ница не даде зелено светло за преселбата на својот тренер, но овојпат преговорите вродија со плод.
„Да се биде тренер на Борусија Дортмунд е многу атрактивна работа што со нетрпение чекам да почнам да ја извршувам. Им благодарам на сите кои ми ја дадоа поддршката, сега ќе почнеме со еден заеднички проект. Борусија е еден од најинтересните тимови во Европа, едвај чекам да се вратам во Бундес-лигата, што продолжив да ја следам и додека работев во Ница“ – истакна Фавр, кој имаше успешни резултати во Германија како тренер на Херта и на Борусија Менхенгладбах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА